184
Фудбалерот на Бреша е во Милано да го комплетира трансферот во Милан. Двата клуба постигнаа договор, тој денеска треба да ги помине медицинските прегледи и да стави потпис на договорот.
„Скај Италија“ открива дека Тонали ќе го носи дресот со број осум кој на грбот го имаше и неговиот идол Џенаро Гатузо.
А 20-годишниот фудбалер преку социјалните мрежи покажа дека од дете е фан на Милан. Објави фотографија на инстаграм стори како во детските години носи дрес на росонерите.
