Сандро Тонали од
дета навива за Милан, во неколку наврати порача дека му се остварил сонот да го
носи „црвено-црниот“ дрес и дека играњето за овој клуб му е поважно од парите
кои може да ги заработи на друго место.
Сепак, тој сега е
пред трансфер во Њукасл вреден околу 80 милиони евра, каде ќе заработува 8+2
милиони евра по сезона.
Како што
пренесува Скај, Сандро Тонали во прв момент не бил заинтересиран за преселба на
„Сент Џејмс Парк“.
Но работите се
промениле кога директорите на Милан го известиле дека нема да можат да одбијат
понуда од околу 80 милиони евра, и практично го притиснале да направи трансфер.
Тутоспорт пак
пишува каква била реакцијата на соиграчите, им било жал што фудбалерот од
средниот ред заминува, но во исто време ја разбираат одлуката со оглед на
парите кои биле ставени на маса, како и за Милан, така и за Сандро Тонали.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.