Тонали не само што тренира со Њукасл, тој е во најдобра форма откако пристигнал во клубот!

by
0 минути читање

Сезоната за Тонали заврши поради суспензијата која ја доби за обложување на фудбалски натпревари. Но, нема одмор за италијанскиот фудбалер, тој редовно оди на тренинзи и не само што работи, туку тоа го прави максимално добро.

„Сандро тренира многу добро, што фрустрацијата кај нас е уште поголема поради тоа што не можеме да го користиме“, вели Хоу.

„Веројатно во моментов е најдобар откако сме го виделе на тренинзите“.

„Тој многу добро се справува со ситуацијата, тоа е белег на неговиот карактер“.


×