Тонали: Како кошарка да игравме, секој допир беше фаул

by
1 минути читање

Милан загуби и вторпат од Челси, росонерите во мечот влегоа со амбиции да покажат дека поразот во Лондон беше случајност, но по само 18 минути игра останаа со фудбалер помалку. Томори го повлече Маунт по рамото, судијата досуди пенал и му додели црвен картон. Фудбалерите на Милан добија и уште пет жолти картони.

„Имаше премногу такви инциденти за време на мечот. Кога ќе свирнете пенал и ќе дадете црвен картон по 18 минути, за таков допир….“, вели Тонали.

„Беше како кошарка каде што секој допир е фаул. Чувството беше такво, добивме неколку жолти картони за смешни, срамни фаули во првото полувреме“.

„Во секој случај се обидовме да играме со гордост и пасија и покрај се што се случуваше. Разочарувачки беше за фановите кои дојдоа вечерва, очекуваа поинаков натпревар. Благодарни им сме што беа тука“.

„Пласманот е се уште во наши раце, има уште два меча и треба да победиме. Разочарувањето и лутината од овој меч треба да ја претвориме во позитивна енергија за следните два натпревари“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК


Можно е и ова да ти се допаѓа

×