Томори објаснува зошто се пресели во Милан: Кога ќе ви се јави најдобриот дефанзивец на сите времиња…

by
1 минути читање

Во овој преоден рок Томори од Челси се пресели во Милан на позајмица до крајот на сезоната со опција да биде комплетно откупен.

„Го одбрав Милан бидејќи тоа е клуб со голема историја, со одлични фудбалери и очигледно клубот е во добар момент сега. Ова е можност која не можев да ја одбијам, голема чест за мене е што сум тука“, вели Томири.

„Кога го добив првиот повик… не можам да кажам дека бев збунет, но бев изненаден. Зборував со Паоло Малдини. Најдобриот дефанзивец кој некогаш играл фудбал зборуваше со мене на телефон и ми праша дали сакам да дојдам, од тој момент знаев ќе се преселам во Милан, дека таму ќе играм фудбал и ќе учам од него“.

„Паоло Малдини е најдобриот дефанзивец кој некогаш играл. Да го носам дресот на Милан, за мене е огромна чест“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани