66
Според коефициентите во обложувалниците, Интер има најголеми шанси да го освои Скудетото, следува Јувентус, а трет е Милан, Рома, па Наполи…
„Добро, тие и за минатата сезона прогнозираа така, но…“, вели Томори.
„Ние имаме самодоверба, фокусирани сме, знаеме дека сме силни. Се уште имаме многу што да покажеме, минатата сезона освоивме, па зошто не и оваа?“.
„Се чувствуваме силни и имаме чувство дека можеме да направиме нешто посебно“.
„Го направивме тоа претходно, не сега имаме поинаков притисок. Треба да го повториме тоа што го направивме. Овие денови работиме понапорно од минатата година, треба да бидеме подготвени“.