Десниот бек на Реал Мадрид, Дани Карвахал, ќе го напушти клубот на крајот од сезоната, пренесуваат шпанските медиуми.
Иако имаше најави дека би можело да има преговори за продолжување на соработката, од тоа нема да има ништо, па капитенот ќе замине како слободен играч.
Карвахал во последните сезони се соочуваше со сериозни проблеми со повреди, а со оглед на тоа што има 34 години, во клубот процениле дека повеќе не може да го даде истиот придонес како порано.
Од „кралскиот клуб“ немаат ништо против неговото заминување, а искусниот дефанзивец нема намера да ја заврши кариерата, туку ќе бара нов предизвик.
Поголемиот дел од кариерата Карвахал ја помина во Реал Мадрид, со исклучок на сезоната 2012/13 кога настапуваше за Баер Леверкузен, откако беше продаден за пет милиони евра, но по една година се врати во Мадрид преку откупна клаузула.
За репрезентацијата на Шпанија има 52 настапи и еден постигнат гол.