„Тој дел од коската лесно се крши“ – Мане се повреди на 12 дена пред стартот на Светското првенство

by
1 минути читање

Садио Мане одигра
дваесетина минути против Вердер Бремен, по еден дуел се пожали на болки во
десната нога и мораше да биде повлечен од игра.

„Доби удар во горниот
дел од тибијата и тоа секогаш носи болка. Мора да направи рентген снимки за да
се види дали поминал навистина лошо бидејќи тој дел од коската лесно се крши.
Се надевам дека не е ништо сериозно“
 –
рече тренерот Јулијан Нагелсман по крајот на натпреварот.

Со оглед на тоа
дека Садио Мане можеше со цела тежина да згазне на ногата, првичните прогнози
се дека Сенегалецот ќе биде подготвен за мундијалот во Катар и дека
најверојатно се работи само за приклештен нерв.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×