Тод Боли не знае каде тера, по трет пат ќе го враќа Мурињо во Челси?!

by
1 минути читање

„Сините“ вчера го именуваат Френк Лампард како привремен тренер, се очекува Англичанецот да го предводи Челси до крајот на сезоната а потоа да пристигне ново име.

Луис Енрике и Јулијан Нагелсман се посочуваат како главни фаворити, но Тод Боли и неговите соработници спроведуваат темелен и опсежен процес и во моментов сите опции се отворени.

Вчера се пишуваше дека е остварен контакт со Антонио Конте, последниот тренер кој на Челси му донесе титула во Премиерлигата, но и кој си замина под спорни околности, целата работа заврши на суд и со исплата на рекордна компензација од 26,6 милиони фунти

Сега пристигнуваат информации за уште еден изненадувачки избор, Ревело објави дека и Жозе Мурињо е во комбинација за тренерското столче на „Стемфорд Бриџ“.

Португалецот веќе два пати ги предводеше „сините“, па сега се опипува терен и за трета авантура.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×