Тод Боли ќе му удри клоца на Обамејанг зошто напаѓачот ја славел победата на Барса против Реал

by
1 минути читање

Пјер Емерик
Обамејанг во последните денови од летниот преоден рок направи трансфер во Челси
откако Томас Тухел инсистираше на негов ангажман. Сепак, кратко потоа
германскиот стратег заработи отказ и напаѓачот полека почна да паѓа во втор
план.

Габонецот е
обврзан кон „сините“ до јуни 2024 година, но се шпекулира дека Тод Боли
размислува да му удри клоца и да му го раскине договорот.

На сопственикот
на Челси не му се допаднал последниот излет на Пјер Емерик Обамејанг, кој
изминатиов викенд беше на Камп Ноу и го следеше „Ел Класико“.

И не само тоа,
напаѓачот по крајот на натпреварот се симнал во соблекувалната на Барса и ја
славел драматичната победа над Реал Мадрид.

Се шпекулира дека
Пјер Емерик Обамејанг сака да се врати во Барселона и дури е подготвен да прифати
помала плата за одново да го облече дресот на „каталонците“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×