Големи беа
очекувањата дека ситуацијата со Месут Озил во Арсенал е на прагот да биде и
дефинитивно решена, откако плејмејкерот до прекинот на сезоната беше прв избор
кај Микел Артета, меѓутоа по самиот рестарт на сезоната се чини дека работите
излегоа од контрола, а причините засега се непознати.
Во последните седум
меча по рестартот на сезоната во Премиерлигата, Озил нема минато ниту една
минута на терените, а дека има некаква тивка војна во клубот со 31 годишниот
фудбалер, доволно говори и фактот што од клубот објавија дека тој е повреден во
пресрет на вечерашната дерби пресметка со Ливерпул на домашен терен, но,
веројатно е дека нема ништо од тоа.
Озил се одзва на
социјалните мрежи, демантирајќи било каква повреда, со коментарот „Јас сум
подготвен“, дополнително креирајќи слика дека бил инволвиран во тренинзите со „Топчиите“.