Тинејџерот од Аргентина маестрално погоди од слободен удар, Сити со „шестка“ до осминафинале (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Манчестер сити забележа уште еден убедлива победа Светското клупско првенство и го совлада Ал Аин од Обединетите Арапски Емирати со 6-0.

Натпреварот мина во знакот на младиот Клаудио Ечвери, 19-годишниот талент кој пристигна од Ривер Плата, и веднаш го прослави деби голот во дресот на „граѓаните“. Се играше 27. минута кога маестрално погоди од слободен удар, зголемувајќи на 2-0.

Претходно, Илијај Гундоган го отвори резултатот уште во 7. минута, а до паузата Ерлинг Халанд беше прецизен од белата точка за 3-0.

Во второто полувреме „граѓаните“ постигнаа уште три гола, Гундоган повторно стрелаше, а потоа во листата на стрелци се запишаа резервистите: Оскар Боба во 84. и Рајан Шерки во 89. минута за конечни 6-0.

Со втората победа на турнирот, Сити се приклучува на Јувентус на врвот на табелата со шест бодa, обезбедувајќи сигурен пласман во осминафиналето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×