Тијаго Силва може да биде клучот за трансфер на Нејмар во Челси

by
1 минути читање

Индината на Нејмар станува една од централните теми во овој летен преоден рок. Фудбалерот е разочаран од односот на ПСЖ и сака да го напушти клубот.

Челси се посочува за еден од кандидатите за потписот на Нејмар, а улога во зделката може да има и Тијаго Силва.

„Нејмар треба да дојде во Челси. Доколку тоа се случи, тоа ќе биде најдобрата работа. За Нејмар не треба да се трошат зборови“, изјави Тијаго Силва.

Силва беше и капитен на ПСЖ, но имаше лоша разделба со клубот, Нејмар сега исто така ги залади односите со Ал Келаифи, па можеби го чека слична судбина. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×