Тијаго Мота е на радарот на Милан, Јувентус и Барса а тој само знае дека нема шанси да потпише за еден клуб од Серија А

by
1 минути читање

Тијаго Мота врши
одлична работа на клупата на Болоња, па често се говори дека ќе заврши во некој
гигант.

Милан го има во
бележникот како потенцијална замена на Стефано Пиоли, Јувентус го мерка како
замена за Макс Алегри, а во последно време се пишува и дека Тијаго Мота е
опција за наследник на Чави на кормилото на Барселона.

Бразилецот, кој
има и италијански пасош, нема донесено никаква одлука, само знае дека нема
шанси да стане нов тренер на Наполи.

„Мота во моментов
не знае каква ќе биде неговата иднина, но сигурно нема да биде нов тренер на
Наполи. Нема да пристигне дури и доколку Аурелио де Лаурентис му вети дека ќе
ги донесе Зиркзе и Калафиори. Има други планови“
– вели Дарио Канови, агентот
на Тијаго Мота. 

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×