Тиаго Силва на Челси му предложил да ангажира негов сонародник: За жал имавме други приоритети

by
1 минути читање

Вест Хем ова лето го сруши сопствениот транфсер рекорд откако го донесе Лукас Пакета од Лион во зделка вредна околу 60 милиони евра.

Тиаго Силва сега откри дека на Челси му предложил да го ангажира неговиот сонародник, но „сините“ имале други приоритети.

„Кога слушнав дека Лукас Пакета ќе заминува од Лион, имав разговори со некои луѓе од Челси, но за жал ништо не се случи. Имавме други приоритети поради повредите, ни беше потребен напаѓач и дефанзивец. Немавме голема потреба од фудбалер од средниот ред. Затоа и мислам дека ништо не се случи“ – вели дефанзивецот во разговор со ЕСПН Бразил.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×