Денеска со почеток од 20:45 часот АЕК ќе го пречека Динамо Загреб во меч од квалификациите за Лигата на шампионите.
На натпреварот е од висок ризик и издадена е забрана за присуство на гостински навивачи. Но, фановите на Динамо Загреб и покрај тоа што нема да можат да бидат на стадионот, отпатуваа во Атина.
Грчките медиуми „Газета“ и „Спорт24“ објавуваат дека навивач на АЕК загинал по убод со остар предмет. Момчето било пренесено во болница со брза помош, каде докторите се бореле да му го спасат животот, но не успеале. Со него биле уште неколку повредени навивачи, кои постојано зборувале на телефон и се држеле за глава во очај поради очигледната загуба.
Во болницата имало повеќе повредени навивачи, имало и Грци и Хрвати. Според медиумите во Грција, во Атина отпатувале повеќе од 150 навивачи на Динамо Загреб.
08.08.2023, Street fight, AEK Athens (from left) vs BBB (Dinamo Zagreb, right) https://t.co/Fjy3xrlEmQ pic.twitter.com/TINYrMUYDP
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) August 7, 2023
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.