Тежок ден во Португалија: Најблиските се збогуваа со Жота и Андре (ФОТО)

by riste
2 минути читање

Денеска во Гондомар, Португалија беа погребани загинатите фудбалери, браќата Диого Жота и Андре Силва.

Соиграчите од Ливерпул пристигнаа да го испратат својот соиграч, Вирџил Ван Дајк, Енди Робертсон и останатите дојдоа во родното место на Жота.

Беа присутни и многу фудбалери од португалската репрезентација со кој играше Жота, се појавија и тренери, селектори, други спортски личности.

Ливерпул и Португалија вечно ќе го паметат Жота, клубот од Енфилд ќе го повлече бројот 20 во негова чест, а на семејството ќе му го исплати преостанатиот дел од договорот кој фудбалерот го имаше со црвените.

Жота и Андре загинаа во сообраќајна несреќа која се случи во Шпанија кога нивниот автомобил излетал од патот поради дупната гума.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×