Терминот за дербито Ливерпул -Арсенал е поместен за навивачите да можат да го одгледаат до крај во пабовите

by
1 минути читање

Дербито на
третото коло во новата сезона од Премиерлигата помеѓу Ливерпул и Арсенал кое
требаше да стартува со почеток од 20,15 часот по англиско време е поместено за
15 минути порано поради новите мерки на тамошните власти за заштита од коронавирусот.

Затворањето на
баровите и пабовите ќе се случи во 10 часот навечер по англиско време, па со
претходниот термин истото значеше дека навивачите немаше да имаат можност до
крај да го проследат дербито, меѓутоа истото е сега поместено на задоволство на
илјадниците навивачи.

Новите владини
мерки кои самиот премиер Борис Џонсон ги претстави за јавноста се однесуваат
поради заштита од пандемијата со коронавирусот, а на Островот известуваат дека
термините за натпреварите во Премиерлигата во периодот кој претстои нема да
бидат подоцна од 20,15 часот по тамошно време.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани