Тер Штеген запиша асистенција, Фирпо деби гол, Барса со три бода се враќа од гостувањето кај Хетафе (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Каталонците“ се
мачат на стартот од новата сезона, а за денешниот натпревар, Ернесто Валверде
не можеше да смета на првата ѕвезда Лео Меси, како и на тинејџерот Ансу Фати
кој импресионираше изминативе месец дена. Во последен момент од комбинација
отпадна и Осман Дембеле, но и покрај ваквите проблеми, „каталонците“ со три
бода си заминаа од незгодното гостување во Мадрид кај Хетафе.

Резултатот беше отворен пред крајот на првиот дел, Суарез убаво лобуваше но
сите заслуги за голот одат кај Тер Штеген. Голманот одлично излезе за да
пресече една додавање и да спречи гол,за потоа во манир на врвен везњак со лева нога
испрати милиметарски прецизна топка во форот за Уругваецот.

Победата беше
осигурана по пет минути игра во продолжението, Жуниор Фирпо одлично ја следеше
акцијата и прв стигна до една одбиена топка за да го постигне деби голот во
дресот на Барса и да донесе триумф од 0-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×