Марк-Андре тер
Штеген верува дека во Барселона треба нешто да се промени, а изјавата на
Германецот доаѓа по тешко извојуваната победа кај Славија Прага со 1-2, а од
двата гола на Каталонците еден беше автогол.
Германскиот чувар
на мрежата од голот на Барса имаше блескаво издание на својата позиција,
меѓутоа фаворитот не одигра онака како што се очекуваше, па постои загриженост
за формата на избраниците на Валверде.
„Не игравме на
нивото на кое посакувавме, за среќа ги освоивме трите посакувани бода, што
веројатно е најважната работа“ изјави Тер Штеген.
„Меѓутоа, мислам
дека треба да разговараме за некои работи…“ додава тој.
Притиснат од
страна на новинарите да одговори за тоа дали проблемите во тимот се од тактичка
или ментална природа, голманот не сакаше да прецизира.
„Мислам дека ова
е нешто за кое треба сите да се погледнеме себе си, не би сакал да кажам ништо
повеќе бидејќи тоа е внатрешно прашање во клубот, не е моја работа тоа, меѓутоа
би сакал да разговарам најпрво со фудбалерите кои беа на теренот прво“ заклучи
Тер Штеген.