Тер Штеген од кампот на Германија испрати порака до Барселона

by bojan
1 минути читање
Тер Штеген

Марк андре тер Штеген вели порача дека и следната сезона ќе биде во Барселона, голманот испрати порака по написите дека „каталонците“ се пред потпис со Жоан Гарсија од Еспањол.

Изминативе денови често се пишува дека Барселона е пред ангажман на првото засилување за сезоната 2025/26, на Камп Ноу ќе пристигне Жоан Гарсија од Еспањол.

Ова ќе создаде проблем за Ханси Флик, со оглед на тоа дека ќе има на располагање тројца квалитетни голмани, па се шпекулираше дека Марк андре тер Штеген ќе биде жртвуван и ќе го напушти клубот.

Од кампот на Германија, голманот попладнево ги коментираше ваквите написи и испрати порака.

„Мене никој не ми кажал дека ќе бидам продаден, па не сум загрижен. Знам дека и следната сезона ќе бидам во Барселона“ – вели Тер Штеген.

То потоа додаде: „Колку што знам, во моментов имаме само двајца голмани за следната сезона, Ињаки и јас. Па ако дојде и некој друг, ќе има силна конкуренција како и секогаш. Секој играч, на било која позиција во тимот, мора да се справи со силна конкуренција“.

Германецот исто така порача дека е логично Барселона да сака да го ангажира Жоан Гарсија, иако не го спомена конкретно голманот на Еспањол.

„Барса секогаш сака да ги ангажира најдобрите, тоа е нашата цел. Нема разлика дали тоа е голманската позиција или некоја друга позиција во тимот. За мене не се менува ништо, јас секогаш ќе го давам најдоброто од себе“.

ФОТО: X/Barcelona FC

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани