Тер Штеген е подготвен на враќање, тоа веројатно ќе се случи – утре!

by riste
1 минути читање

Барселона утре му гостува на Ваљадолид кој веќе е испаднат од лигата, се чини дека тој меч е идеален за Марк Андре Тер Штеген да се врати на голот по пауза од осум месеци.

Уште нема потврда од клубот, но шпанските медиуми пишуваат дека Ханси Флик ќе направи значителни ротации за овој меч со цел да има свежи фудбалери за реваншот со Интер.

Една од промените ќе биде на голот, Тер Штеген ќе брани, додека Шчесни ќе добие одмор.

Германскиот голман е во аут од 22 септември кога се повреди на дуелот со Виљареал. Барса поради тоа го ангажираше Шчесни кој се покажа како одлично засилување.

Покрај Тер Штеген, утре се очекува стартери да бидат и Форт, Кристенсен, Фати, Виктор и Гави.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани