Тепачки и хаос пред финалето на Конференциската лига (ВИДЕО)

by 24 фудбал
0 минути читање

Големи инциденти избија во Лајпциг пред вечерашното финале во Лига на конференции меѓу Кристал Палас и Рајо Ваљекано.

Во центарот на градот дошло до жестока пресметка меѓу навивачки групи на двата клуба, а снимките од тепачката брзо се проширија на социјалните мрежи. Германската полиција интервенирала со специјални единици и привела повеќе лица поради нарушување на јавниот ред и мир.

Поради страв од нови нереди, безбедносните мерки во Лајпциг се засилени неколку часа пред натпреварот кој од 21 часот ќе се игра на Ред Бул Арена.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×