Тепачка на тренингот на Панама пред натпреварот против Англија (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Во таборот на Панама владее хаос непосредно пред последниот натпревар од групната фаза на Светското првенство против Англија.

По двата минимални порази од Гана и Хрватска, Панама ги загуби шансите за пласман во нокаут-фазата, а разочарувањето очигледно кулминирало на последниот тренинг.

Според видеата што се шират на социјалните мрежи, Сесилио Вотерман и Хозе Луис Родригез влегле во физичка пресметка по вербална расправија. Нивните соиграчи веднаш реагирале и успеале да ги раздвојат пред инцидентот дополнително да ескалира.

Овој немил настан само ја потврдува тензичната атмосфера во репрезентацијата на Панама пред последниот настап на мундијалот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×