Тео Ернандез и Милан се пред разделба, агенотот на левиот бек побарал плата од 7-8 милиони евра по сезона по што добил порака дека фудбалерот веднаш треба да си најде нов клуб.
Агентот на Тео Ернандез попладнево пристигна во канцелариите на Милан на средба со спортскито директор Игли Таре.
Ккао што пренесуваат неколку извори, Мануел Гарсија Килон побарал нов договор со плата од 7-8 милиони евра по сезона.
Но одговорот на „росонерите“ бил силен – барањето нема шанси да биде прифатено, ваквите суми се целосно нереални (практично значи двојно поголема плата од сегашната) па на агентот му било порачано дека фудбалерот веднаш треба да си најде нов клуб.
Двете страни потоа постигнале согласност за сумата која ќе биде потребна за реализирање на трансфер.
Ал Хилал сака да го донесе Тео Ернандез во своите редови, се шпекулира дека му нуди плата од околу 18 милиони евра, но левиот бек во моментов не е привлечен од идејата да се пресели во Саудиска Арабија.