Мбапе во 23. минута шутираше пенал и го промаши. ПСЖ во 43. минута доби уште еден пенал, Мбапе сакаше повторно да шутира, но Нејмар не му дозволи бидејќи му помина редот на Французинот. Тука се виде добро дека меѓу двајцата фудбалери има нешто.
Според новинарот Ромаин Молина, причината за нетрпеливоста меѓу овие двајца е тоа што Нејмар дознал дека Мбапе побарал од раководството тој да биде продаден во летниот преоден рок.
Откако Бразилецот сфатил дека Мбапе не го сака него во клубот, комплетно го променил односот кон него, а тоа се чувствува и во соблекувалната и на натпреварите.
„Л’Екип“ пишува дека тренрот Кристоф Галтие и спортскиот директор Луис Кампос во наредните денови ќе седнат со Нејмар и Мбапе и ќе се обидат да го решат проблемот меѓу нив.