„Кралевите“ се подготвуваа за „трансфер бомба“ ова лето и ангажман на Килијан Мбапе, но плановите се променија кога напаѓачот
реши да ја продолжи верноста со ПСЖ.
Реал Мадрид веднаш
реагираше и реши да инвестира 80+20 милиони евра во Орелиен Чуамени, кој важи
за еден од најперспективните играчи во Европа.
Но како што
пренесува Ел Насионал, ваквиот трансфер предизвикал тензија во соблекувалната
на Реал Мадрид. Касемиро смета дека неговата позиција и местото во првиот тим е
загрозено, па наводно му љубомори на својот помлад колега од средниот ред, не сакал ниту да го погледне и двајцата воопшто
не разговараат.
Младиот Французин
поради ова се чувствува некомфорно и се мачи да го прикаже најдоброто од себе.
Други извори пак
пренесуваат дека Касемиро се вратил во топ форма по одморот и сите во Реал
Мадрид биле зачудени од физичкиот изглед и спремноста на Бразилецот. На последниот
тренинг натпревар, Касемиро бил еден од најактивните на теренот, командувал,
ги храбрел соиграчите и постојано им делел совети и честитки за добрите потези.
Неговиот тим победил со 4-1.