ПСЖ синоќа
прикажа уште една импресивна партија во Лига 1 и со 5-2 славеше во дуелот
против Монпеље. Но останува да се види како Кристоф Галтие ќе ги направи сите
ѕвезди среќни, Килијан Мбапе синоќа имаше еден потег кој професионалец не може
да си го дозволи, напаѓачот престана да трча и се откажа од нападот поради тоа
што не му ја подадоа топката.
По крајот на
натпреварот контроверзија и тензија креираше Нејмар, кој „лајкна“ објави на социјалните мрежи со
критики против одлуката Килијан Мбапе да биде прв пеналџија.
„Сега е
официјално, Мбапе ќе ги изведува пеналите во ПСЖ. Јасно е дека ова е поради
новиот договор, бидејќи во ниту еден клуб во светот, нема шанси Нејмар да биде
втор избор. Се чини дека поради новиот договор, Мбапе е газда на ПСЖ!!!“ –
гласеше едната објава која доби „лајк“ од Бразилецот.
Втората објава гласеше,
„Денеска, на натпреварот против Монпеље, Нејмар го понижи голманот и погоди од
пенал. Од друга страна, Мбапе шутна многу лошо и промаши. По крајот на мечот,
тренерот рече дека Мбапе ќе биде прв избор за изведувач на пенали оваа сезона.
Ова е апсурдно!“
На дуелот со
Монпеље, Килијан Мбапе пропушти да го отвори резултатот откако биеше лошо од
белата точка. Брзо потоа ПСЖ доби нов пенал, овој пат Бразилецот ја превзеде
одговорноста и рутински реализираше.