Манчестер јунајтед лошо тргнаа оваа сезона, клубот го пратат низа проблеми и надвор од теренот и за време на натпреварите каде играат непрепознатливо.
Чашата се прелеала по поразот од Брајтон на Олд Трафорд. Наводно по натпреварот во соблекувалната Бруно Фернандеш на висок тон зборувал со Скот Мектоминеј, а имало кавга и меѓу дефанзивците Мартинез и Линделоф.
Тренерот Ерик Тен Хаг морал да реагира за да ја смири напнатата атмосфера меѓу своите фудбалери.
Од почетокот на сезоната Манчестер јунајтед решаваше и нефудбалски проблеми откако ги суспендираше Санчо и Антони. Првиот поради непрофесионално однесување, а другиот поради обвиненијата за физички напад на девојки.
Следниот меч за Манчестер јунајтед е утре кога му гостуваат на Баерн Минхен во рамките од првото коло во Лигата на шампионите.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.