73
Двата гола на Тотнем можеа да бидат поништени, но судиите не го направија тоа. При голот на Хојбјерг беше фаулиран Хаверц, а можеше да биде досуден и офсајд од Ришарлисон кој го попречуваше видот на Менди, но судиите сметаа дека нема потреба да се свирне ништо.
Тука почна тензијата меѓу двајцата тренери крај аут линијата кои го имаа првиот вербален дуел.
И при вториот гол на Тотнем кој беше постигнат во 96. минута имаше контроверзија. Кукуреља беше фатен за коса од страна на Ромеро и повлчен. Но судијата не досуди фаул за Челси по што следуваше голот на Кејн.
По последниот судиски свриеж дојде до физички дуел меѓу Тухел и Конте по кој и двајцата добија црвени картони.