181
Тен Хаг беше разочаран од одлуката на Роналдо да си оди пред крајот на мечот со Рајо Ваљекано, па на денешната прес конференција тој беше прашан што мисли за Португалецот.
„Навистина сум среќен со Кристијано Роналдо. Имаме топ напаѓач. Тој е тука со нас во составот“, вели Тен Хаг.
„Има многу фудбалери кои си заминале порано, а во фокусот е само Кристијано, тоа не е добро. Треба да истражите, да ги кажете и другите“.
За шансите Роналдо да стартува против Брајтон, Тен Хаг рече: „Ќе видиме во недела“.