Минатото лето Јунајтед му донесе неколку скапи играчи на Тен Хаг, особено многу плати за Антони, речиси 100 милиони евра, за Касемиро дадоа 70, за Лисандро Мартинез 58, за Маласија 15… како слободен играч пристигна Ериксен, а зимото на позајмица ги донесоа Сабицер и Вегхорст.
Но и покрај тоа, Тен Хаг се пожали дека сите инвестирале во јануарскиот преоден рок, само Манчестер јунајтед не.
„Видовме зимата, сите клубови имаа големи инвестиции, а ние немавме“, вели Тен Хаг.
„Клубот знае дека доколку сакате да бидете во топ четири и да се борите за трофеи во Премиерлигата, тогаш треба да инвестирате. Во спротивно немате шанси бидејќи другите клубови инвестираат“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.