Тен Хаг порача дека Роналдо е минато, но одби да каже дали иднината е Гакпо

by
1 минути читање

Ерик тен Хаг
седна на разговор со медиумите од Англија и неизбежна тема беше Кристијано
Роналдо, кој го напушти „Олд Трафорд“ по бомбастичното интервју.

„Како што кажав и
претходно, Роналдо е минато, нашите погледи се кон иднината“
– вели Холанѓанецот.

„Сакаме да изградиме
нова иднина за Манчестер јунајтед, и тој не сакаше да биде дел од тоа. Живтот
продолжува. Не сакам да трошам енергија на интервјуто, тоа е минато.

Запрашан дали планира
да донесе нов напаѓач место Кристијано Роналдо во јануари, тој рече „Да, но
само доколку најдеме вистинско засилување“.

„Ги истражуваме
сите опции и правиме се што можеме за да реагираме веднаш доколку ни се укаже
некаква шанса“.

„Дали Коди Гакпо
е опција? Не сакам да коментирам за конкретни имиња, никогаш не го правам тоа,
но верувајте, работиме да го донесеме вистинското засилување“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани