Манчестер
јунајтед синоќа беше понижен во градското дерби против Манчестер Сити,
„ѓаволите“ губеа со 4-0 по првото полувреме, па под знак прашалник беа ставени
одредени одлуки на Ерик тен Хаг.
Стратегот беше
запрашан зошто Касемиро, за кого платија 60 милиони фунти, и понатаму седи на
клупата за резерви.
„Само што го купивме,
влеговме во победничка серија. Немам ништо против Касемиро, едноставно тимот играше
навистина добро, Скот Мектоминеј прикажуваше одлични партии и влеговме во
серија“ – објаснува Ерик тен Хаг.
Кристијано
Роналдо повторно не беше стартер, за разлика од Касемиро, Португалецот остана
на клупата и не доби шанса против Манчестер Сити.
„Не го ставив
Роналдо во игра во тие околности во знак на почит кон него и неговата кариера.
Исто така и на Марсијал му беа потребни минути“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.