Сер Џим Ратклиф купи 25% од акциите на Манчестер јунајтед, и како дел од зделката доби целосна контрола врз фудбалските операции во клубот.
Најбогатиот Британец денеска се сретна со Ерик тен Хаг, а тренерот сподели дека имале позитивен и долг состанок.
„Состанокот беше навистина позитивен. Траеше долго време, разговаравме со часови. За многу прашања бевме на иста бранова должина, навистина позитивно од двете страни. Можам да кажам дека средбата беше прилично конструктивна и со нетрпение чекам да соработувам со него“ – вели Холанѓанецот.
„Треба да им дадеме време да се привикнат, само што пристигнаа, се уште се претставуваат“.
„Споделија одредени идеи, имавме дебата околу стратегии, мислам дека добро ќе се вклопиме“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.