На почетокот од оваа сезона Манчестер јунајтед се бори и со проблеми кои не се дел од играта. Санчо се скара со Тен Хаг и е отстранет од тимот, а во него не е ниту Антони кој е обвинет за насилство врз поранешната девојка.
Тен Хаг беше прашан за Санчо, но не сакаше многу да зборува на таа тема.
„Не ни размислувам на тоа, не зборувам за тоа бидејќи треба да победам на натпревар. Едноставно тоа е. Не мислам дека оваа тема е важна. Мислам дека она што е важно е да го подготвам мојот тим. Па тоа и го правам“, вели Тен Хаг.
„Мојата одлука за Џејдон Санчо се базира само на принципи. Не сум јас важен. Тоа е во корист на тимот, моите одлуки секогаш се базираат на тоа. Одговорот што го дадов за Санчо по мечот со Арсенал? Секогаш сум искрен“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.