Хари Мегваер одамна добиваше критики од јавноста, но ниту Солшер, ниту Рангник не го седнаа на клупа, ниту му ја земаа капитенската лента. На почетокот од оваа сезона истиот статус го имаше и кај Тен Хаг, но тоа не траеше долго.
Откако Тен Хаг реши да го седне Мегваер на клупата, работите на теренот за Манчестер јунајтед се променија, статистиката е немилосрдна за англискиот дефанзивец.
Манчестер јунајтед оваа сезона одигра пет натпревари, два со Мегваер и три без него.
Кога Мегваер беше во тимот Манчестер јунајтед загуби двапати и прими дури шест голови, два од Брајтон на Олд Трафорд и четири на гостувањето кај Брентфорд.
Кога тандем во дефанзивата беа Варан и Мартинез, Манчестер јунајтед забележа три победи од исто толку натпревари и прими само еден гол и тоа од Ливерпул.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.