Тен Хаг ќе ги решава проблемите во нападот на Манчестер јунајтед со засилување од 100 милиони евра?!

by
1 минути читање

„Ѓаволите“ го
имаат еден од најлошите напади во Премиерлигата, до овој момент имаат постигнато
скромни 18 погодоци.

Летното
засилување од 80 милиони евра, Расмус Хојлунд се уште ја нема отворено сметката
во најсилното првенство на Англија, а со формата се мачат и останатите негови
колеги како Рашфорд, Антони и Марсијал (Санчо со месеци не игра поради казна).

Па ангажман на
нов голгетер е на врвот на листата со желби на Ерик тен Хаг, кој не стравува од
отказ и крои планови за следните два преодни рока на Манчестер јунајтед.

Холанѓанецот очекува
да има средства за трошење откако Сер Џим Ратклиф ќе купи 25% од клубот, и сака
на Олд Трафорд да го донесе талентираниот Нико Вилијамс од Атлетик Билбао.

21 годишниот
Шпанец неодамна стави потпис на нов договор, па се шпекулира дека ќе бидат
потребни околу 100 милиони евра за негов ангажман. Оваа сума е приближна до рекордниот
трансфер на Манчестер јунајтед, односно 105-те милиони евра кои беа платени за
Пол Погба.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×