„Ѓаволите“ во
април го именуваа Ерик тен Хаг за нов тренер, Холанѓанецот ќе треба да го врати
клубот на шампионски патеки. Минатата недела тој ги започна подготовките за
новата сезона, и како што пренесуваат медиумите од Англија, стратегот воведува
пет строги правила во соблекувалната.
Фудбалерите кои
ќе доцнат на тренинг, тимски состаноци или пак ќе откриваат тајни од
соблекувалната на медиумите, ќе бидат изоставени од составот за натпревар.
Не смее да се
конзумира алкохол во текот на неделата, кога има натпревар.
Личните готвачи
ќе бидат забранети во иднина, играчите ќе мора да го јадат она што ќе им биде
подготвено од клубот.
Тен Хаг сака сите
да бидат во врвна физичка форма, никој нема да треба да има вишок килограми па редовно
ќе се проверува индексот на телесна
маса.
За крај,
фудбалерите кои имаат одредени проблеми, ќе треба прво да му се обратат на Тен
Хаг, а не на своите агенти.