Тен Хаг: Им благодарам на Пеп и Сити за лекцијата која ни ја одржаа

by
1 минути читање

По лошиот старт, Манчестер јунајтед влезе во серија и нареди четири победи, но изминатиов викенд одново им се врати на поразите и беше декласиран во градското дерби против Манчестер Сити.

„Ќе има ваква моменти кога ќе направиме чекор наназад. Го победивме Арсенал, го победивме Ливерпул, но во неделата имавме лош ден. Сити беше подобар и мораме да го прифатиме тоа, но не смее да прифатиме колку лошо одигравме“ – вели тренерот на „ѓаволите“, Ерик тен Хаг.

„Ни се зголеми самодовербата по победите над Арсенал и Ливерпул, но Манчестер Сити не врати во реалноста“.

„Па му благодарам на Пеп и Манчестер Сити за лекцијата. Мораме да разбереме дека мораме многу подобро“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×