156
Роналдо го одигра првото полувреме од пријателскиот натпревар против Рајо Ваљекано, а потоа додека мечот уште траеше тој си замина дома. Истото го направи и Далот.
За Ерик тен Хаг таквото однесување е неприфатливо, стратегот знае дека самоволието на фудбалерите може да ја наруши атмосферата.
„Не го прифаќам тоа. Мислам дека е неприфатливо. За сите. Ние сме тим и мора да останете до крајот“, изјави Тен Хаг.