Тен Хаг ги натерал своите фудбалери да молчат и да го слушаат славјето на фановите и играчите на Ливерпул!

by
2 минути читање

Ерик тен Хаг го доживеа најтешкиот пораз во својата кариера, а за Манчестер јунајтед тоа беше најголем пораз од лутиот англиски ривал.

Атмосферата во Манчестер јунајтед беше идеална, но фудбалерите на Ливерпул им ја расипаа. Информациите од Англија велат дека Тен Хаг бил бесен на своите фудбалери.

Тој уште во соблекувалната по мечот им порачал дека треба да бидат среќни што дома се враќаат со клупскиот автобус, а не со навивачите кои платиле за да дојдат на Енфилд и да го видат тоа што се случило.

Денешниот утрински тренинг Тен Хаг го закажал во 9 часот, а тој во тренинг центарот пристигнал два часа порано.

Кога фудбалерите пристигнале, тој им рекол да молчат и им го пуштил да го слушаат славјето на навивачите и фудбалерите на Ливерпул на сите седум погодоци. Им се заканил и дека ќе ги испрати во резервниот состав доколку им се случи нешто слично и во иднина.

Каков ефект ќе има ова врз фудбалерите, ќе може да се види веќе во четврток кога Манчестер јунајтед го пречекува Бетис во првиот осминафинален меч од Лига Европа.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани