Тен Хаг е вториот тренер на Манчестер јунајтед кој не го послуша советот на Сер Алекс Фергусон

by
1 минути читање

За време на подготовките Манчестер јунајтед го победи Ливерпул со 4-0, кај фановите се јави оптимизам дека пред нив се подобри денови, но веднаш штом почна официјалниот дел од сезоната, следуваше разочарување.

Стартот од соништата за Ерик тен Хаг се претвори во кошмар. Уште во првото коло го навлече притисокот врз себе.

За една од грешките кои му се посочуваат е оставањето на Кристијано Роналдо на клупата за резерви во првото полувреме. Со влегувањето на Португалецот играта на Јунајтед живна, се создадоа повеќе шанси, падна и еден гол, но не беше доволно за да се избегне пораз.

Многумина сметаа дека Роналдо требаше да игра од почеток, а и Португалецот пред мечот на инстаграм потврди дека е подготвен. Тој не беше на подготовките со Јунајтед, но тренираше сам, сите знаат каков фанатик е кога станува збор за неговиот фитнес.

Сер Алекс Фергусон на Солшер му рече: „Секогаш треба да стартуваш со својот најдобар фудбалер“.

Ферги ова го мислеше на Роналдо бидејќи изјавата ја даде по мечот меѓу Јунајтед и Евертон кој заврши 1-1, а Солшер го остави Кристијано на клупата.

И Тен Хаг одлучи да не стартува со Роналдо, и впечаток е дека погреши.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани