Веднаш по мечот Онана ја презема вината за поразот, рече дека само тој е виновен за загубениот меч откако погреши при првиот примен гол.
„Добро е што Онана ја презема одговорноста, но поразот оди на душа на целиот тим. Грешки можат да се направат, но треба да одговорите како тим“, вели Тен Хаг.
„Треба да веруваме дека можеме да се вратиме, овојпат го покажавме тоа. Треба да останете во мечот и да продолжите да играте и покрај грешките кои ќе се направат“.
„Во првите 25 минути бевме подобри од Баерн Минхен. Потоа примивме лесен гол. Не е виновен само Онана, ако видовте како лесно Сане помина и создаде позиција да шутне. Не смеете да дозволите фудбалерите толку лесно да поминуваат“.
„Кога ќе дадете три гола кај Баерн, треба барем бод да освоите“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.