„Мирор“ пишува
дека Алекс Телеш испратил позитивни сигнали до Манчестер јунајтед, клуб кој е
сериозно заинтересиран да го доведе во своите редови, тој всушност е голем
приоритет за засилување во одбраната на составот предводен од Оле Гунар Солшер.
Како и да е, се
верува дека истовремено не е се’ така лесно во преговорите, Телеш има откупна клаузула во висина од 40
милиони евра, а поради фактот што неговиот договор истекува идното лето, од
Манчестер јунајтед прават крајни напори за овој трансфер да го реализираат за
15 милиони евра помалку.
Телеш наводно
веќе ставил јасно дознаење дека посакува трансфер на „Олд трафорд“, а Солшер се
чини дека по неуспешните преговори за Серхио Регилон кој веќе потпиша за
Тотнем, ќе мора своето целосно внимание да го насочи кон Телеш.