Раководството на
Барселона денеска имаше состанок со таткото на Лео Меси, двете страни разговараа
90 минути, и само ги потврдија своите ставови.
Хорхе Меси го известил Бартомеу
дека неговиот син не сака да остане и сметаат дека договорот е раскинат со итниот
допис кој го испратиле минатата недела.
Претседателот на
„каталонците“ пак се обидувал да ја убеди фамилијата на фудбалерот дека треба да
останат со Барселона, тој инсистира дека Лео ќе биде во центарот на новиот
проект на Роналд Куман и му понудил нов двегодишен договор. Исто така ги
потсетил дека договорот до јуни 2021 е на сила и единствен начин да заминат е откупната
клаузула од 700 милиони евра.
Во следните
денови ќе има нови преговори а според пишувањата на Телеграф ќе падне договор
за пријателска разделба.
Како што пишува британскиот
весник, извор близок до случувањата на Камп Ноу верува дека двете страни ќе
постигнат компромис со кој Лео Меси ќе го напушти Камп Ноу ова лето за 100
милиони евра.