Тебас: Барса не е ПСЖ, треба да продаде играчи и да намали плати за да го регистрира Меси

by
1 минути читање

Барселона е во големи финансиски проблеми кои се наталожени од лошото работење во изминатите години, па клубот сега мака мачи како да излезе од кризата. Тоа е процес кој ќе потрае неколку години.

Во меѓувреме се шпекулира дека Лео Меси на лето ќе се врати во Барселона, а Тебас вели дека таа операција нема да биде едноставна.

„Доколку ме прашувате денес, враќањето на Меси во Барса ќе биде комплицирано. Има време, се разбира… но како што сега стојат работите, нема да биде лесно“, вели претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас.

„Барса треба да продаде фудбалери и потоа да ги намали платите со цел да го регистрира Меси. Исто така не знаеме колкава би била неговата плата“.

„Барселона не е како ПСЖ. Барса треба да намали некои плати за да може да регистрира нови фудбалери според Финансискиот фер-плеј“.

Барселона работи на финансиски план како да го добие потписот на Меси, меѓу навивачите владее оптимизам дека тоа ќе се случи.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×