Тажна вест од Англија, почина големиот Сер Боби Чарлтон!

by
1 минути читање

Тажна вест за англискиот фудбал, почина легендарниот Сер Боби Чарлтон.

„Со огромна тага ја споделуваме веста дека Сер Боби почина мирно во раните утрински часови од саботното утро. Тој беше опкружен со неговото семејство“, стои во соопштението.

Боби Чарлтон важеше за еден од најголемите фудбалери на Манчестер јунајтед, 758 пати го носеше дресот на црвените ѓаволи, постигна 249 голови за нив. Го освои Европскиот куп со Јунајтед во 1968 година. Тој го крена и трофејот и на Светското првенство со Англија во 1966 година.

За Англија имаше 106 настапи и 49 погодоци.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

×