Млад живот згасна на фудбалски терен во Јужна Африка откако 22-годишниот Синамалда Зонди трагично го загуби животот пред натпревар во втората лига во оваа земја.
Според локалните медиуми, Зонди немал претходни здравствени проблеми, но ненадејно колабирал на загревањето пред натпреварот на неговиот тим Дурбан Сити и веднаш бил пренесен во најблиската болница. И покрај напорите на лекарите, младиот фудбалер не успеал да ја добие битката за живот. Засега, причините за оваа трагедија остануваат непознати.
Натпреварот кој требало да го одигра Дурбан започнал, меѓутоа бил прекинат на полувремето кога пристигнала трагичната вест за Зонди.
Медиумите истакнуваат дека Зонди бил и најдобриот фудбалер на тимот кој е лидер во второлигашката конкуренција.
Фото: Пртинскрин/You Tube