Лазар Самарџиќ минатото
лето беше инволвиран во трансфер сапуница, договори трансфер во Интер, дојде на
лекарски прегледи во Милано, но зделката му пропадна во последен миг откако
неговиот татко побара повеќе пари.
Србинот сега
одново е инволвиран во трансфер сага. Наполи и Удинезе постигнаа дил за
трансфер вреден околу 25 милиони евра, но Де Лаурентис никако да најде
заеднички јазик со таткото на Лазар Самарџиќ и тоа отвори вратата за други
клубови да се вмешаат во битката.
Последните
информации велат дека Јувентус на маса ставил плата од 3 милиони евра по
сезона, таткото на Лазар Самарџиќ веднаш кажал ДА, па „старата дама“ сега треба
да седне со Удинезе и да ја договори висината на трансферот.
Брајтон исто така
пројавува интерес за фудбалерот од средниот ред, клубот од Премиерлигата
внимателно следи што се случува и може да се замеша доколку се изјаловат и
преговорите со Јувентус.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.